PDA

View Full Version : Во центар с Васко Ефтов за ранните дни на д



morski
03-08-2012, 02:25 PM
TMbpsRsbBc4

Изглежда все пак ние имаме позитивна роля за осамостояването на Македония и това се признава с половин уста в Скопие.

morski
03-09-2012, 05:33 PM
Ето я и реакцията не закъсня. Васко, който е известен българомразец сега е обвиняван, че едва ли не е соработник/сътрудник на наш'те служби.:D


Васко кософилот и Дончо македонофобот
Споделете ја веста20
Ова не е приказна за Ивица и Марица и вештерката во шумата...

todor-petrov
Пишува Тодор ПЕТРОВ

Слободата на мислата и нејзиното јавно изразување не подразбира повреда на личниот интегритет на човекот затоа што е неприкосновен. Слободата на јавното информирање, пак, не претставува право за повреда на достоинството и угледот на граѓанинот затоа што е неповредлив.

vasko-donco

За жал, поединци со манија на теории на заговор, мака мачат да се пронајдат себеси, откога сакајќи да им накалемат на целата држава и нација дека се производ на некоја тајна служба, ќе сватат дека токму тие се спрематозоид од татко им кој цел живот бил во таква служба. Е, тогаш лекот не е во јавноста. Таквите, и кон себеси злобни се, кога ќе се најдат во четири очи пред огледало. Во Негорци, сепак, нема само бањи. Нели?

Последната емисија “Во центарот“ на Васко Ефтов, од 5 март 2012 година, насловена “Македонија во рацете на тајните служби“, не остава рамнодушност без коментар, оти е навредлива и мизерна, посебно оти е врзана за Софија. Не оти и за другите изданија немало место за реакција.

Конечно, следејќи го Васко во потрага по српските и грчките тајни служби, го гледаме во неговото вистинско руно, како соработник на бугарските тајни служби. Соговорникот му Красимир Каракачанов (алијас Дончо) заедно со Васко, ај да не кажеме негов соработник туку истомисленик, ја објаснија задачата на српската и грчката тајна служба во Македонија, државата да ни ја нема, ама не ја демистифицираа задачата на бугарската тајна служба во Македонија и воопшто по македонското прашање. Како да е поразлична од оние над северната и под јужната страна.

Сијамските Васко и Дончо елаборираа “демистификација“ на српските и грчките тајни служби во Македонија, ги детектираа можните соработници на бугарските служби меѓу македонските политичари и конечно констатираа, дека ако не постоеше “прашањето на името, Македонија денеска ќе беше сосема нормална држава, членка на НАТО и членка на Европската Унија“?! Вака, чудно, оваа држава, заробена во своето име, за Васко остана не нормална држава во која не живеат нормални и... тука и таму по некој аб нормален како него.

Васко со Дончо во време од педесетина минути, во својата емисија “Во центарот“ се обиде да ни ги претстави Македонија и Македонците како производ на тајните служби. Со Дончо беа толку сложни и комплементарни, што предизвикуваат заблуда кај гледачот и слушателот, дали Васко е Красимир, или Красимир е Васко. Ако сепак не можете да откриете, не мачете се, сеедно е, иста приказна за Македонија и за Македонците и двајцата раскажаа.

Васковата импровизација и покрај архивските подлошки како лепенки, сума сумарум, што би рекол тој, сепак ќе остане контрадикторна, конфузна, проѕирна и лигава.

Според Васко, Македонија и Македонците во Републиката, во соседните земји и во светот се креација на тајните служби.

Но, по ред, како што е редот. Што сакаше авторот во конспирацијата “Македонија во рацете на тајните служби“ да каже? Која беше поентата на авторот, а која неговата порака? Не оти Господ го откри, туку си влегло детето во филмче. Како и секогаш, оти сите во емисијата му се подлошки за декор во приказната што по порачка ја крои.

А, приказната му од 5 март 2012 година е следната: Македонците својот идентитет треба да го градат околу Кирил и Методиј, не околу Филип и Александар Македонски. Иако вели дека “името на државата потекнува од името на Александар Македонски и со гордост оваа држава го носи тоа име повеќе од 23 века“. Тоа го вели на почеток и запаѓа во контрадикција со самиот себе. Нели, истото го мисли и Љупчо Георгиевски, кого Васко го штити од “најгнасните писма“ на Тодор Петров. Васко само не појаснува дека Тодор Петров за Љупчота вели оти овој има бугарско државјанство, дека се декларира за Бугарин по потекло и дека сите Македонци ги смета за Бугари и дека со софискиот врховизам и сервилноста кон странските служби им ја онади мајката на народот и државата... Понатаму, за Васко, “Македонија е поприлично небезбедна држава, затоа што е надвор од НАТО и од ЕУ“. Антиквизацијата за Васко е производ на српските и грчките тајни служби. А, грчките тајни служби се против државноста на Македонија, да ја нема, како што српските тајни служби создаваат јавност за Србија како спасител на Македонија со цел активизација на “вториот дел од референдумското прашање“, да завршиме како јужна српска бановина?! Нема врска, ама таква им е приказната на Васко и Дончо.

Потоа, Васко прави приказна за државното знаме и го вади од фиока Стојан Андов. Овој, пак, недоделкан каков што и беше, заради шеќерот со амнезија збркан и збунет, “открива“ дека одеднаш им се појавил на Уставната комисија пратеникот Тодор Петров, им го предложил шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце на црвена основа за знаме на Републиката и само Стојан и Тито, без борба, го ставиле предлогот на гласање, сите го изгласале, без проблем прошло на седница на Собранието и на 6 август 1992 година Македонија го добила симболот на Македонската Империја за симбол на знамето на Републиката. Андов бил свесен каков проблем ќе донесе тоа знаме, ама заради тешката фрустрација на сите пратеници, и атмосферата на демонстрации против “курвата ЕУ“ знамето прошло! Која креатура од човек.

Потоа, Васко прави биографски приказ на Тодор Петров, кој го “избришал“ Џон Битов од позицијата претседател на Светскиот Македонски Конгрес. Васко го претставува Тодор Петров како “човек кој секогаш кога е потребно за Владата на Груевски ги заострува односите помеѓу Македонија и Грција“, почнувајќи од четирите блокади на македонско-грчката граница во 1990 година (кога Груевски воопшто ни не беше во ВМРО-ДПМНЕ). За Васко, Тодор Петров е прозвод на тајните служби, блокадите на границата во 1990 година повторно се производ на тајните служби, знамето со 16-зрачното сонце исто така е производ на тајните служби, државното име е производ на тајните служби, Македонците во соседните земји се производ на тајните служби, Македонците во светот се производ на тајните служби...

Потоа, за Васко, Драган Богдановски е производ на тајните служби, ВМРО-ДПМНЕ е производ на тајните служби, македонската дијаспора е производ на тајните служби, КОС ед поприсутна во ВМРО-ДПМНЕ отколку бугарските тајни служби, Александар Македонски е производ на тајните служби, Владата на Никола Груевски е производ на тајните служби на кои бескомпромисно им одработува.

Понатаму, Васко ни дели лекции за национализмот како дувло за криминалците, не советува дека со државата владее мафијата, дека распаѓањето на Југославија е резултат на плановите на тајната служба на Југославија, по нејзината дисолуција поделена на нови шест тајни служби кои никогаш меѓу себе не војуваат, туку во војна ги туркаат обичните граѓани, па како медиумите, школите, универзитетите, политичките партии, сите се под контрола на мафијата.

За Васко дијаспората е “сељачаана“, чија политика се наметнува како службена во државата Македонија, “што било штетно по земјата“ и дека таа “сељачаана“ “развива канцерогени македонски тези“?!

Васко е дециден дека Македонците се словени, дека нашиот јазик е словенски, и дека заради шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце Македонија била заложник на врската Белград-Атина...

Кога човек ќе ја проследи оваа емисија на Васко, како приказна за Македонија и за Македонците, ќе помисли дека се’ е производ на тајните служби. Ама, ако за Дончо патриотизам е дека “секоја држава ја спроведува својата политика преку своите тајни служби“, за Васко сите околу нас имаат тајни служби, само Македонија нема, само во Македонија работат сите соседни служби.

После внимателно гледање и читање на емисијата, логички се наметнува заклучокот, дека токму оваа емисија, во која Васко раскажува за тајните служби, е во функција на нечија тајна служба! За која служба Васко одработува, очигледно е од другар му Дончо!

Како и да е, и арно ама, Македонците веќе видоа се’! Македонците ја возобновија државноста на Македонија. Македонија е држава и повеќе никој и никогаш тоа не ќе може да го смени! Историјата на Македонија се повеќе ќе ја пишуваат Македонци на македонски јазик и поради тоа таа ќе биде македонска, наша, а Македонија ќе биде на Македонците!

Васко и Дончо едномислени се дека бугарските, па и српските тајни служби се во ВМРО-ДПМНЕ. Но, не кажуваат, кога до 1990 година го немаше ВМРО-ДПМНЕ, каде беа српските тајни служби во Македонија? Да не беа во СКМ, СКМ-ПДП, СДСМ, МВР? Тоа, беа вмро-вци или комунисти? Ама, нив, во емисијата на Васко ги нема. Лустрацијата тапка во место, заради комуњарски сплетки во Уставниот суд, битно Андов чистиот го предложи законот Амбасадорите, нели, никогаш не беа соработници на тајните служби. Нелустрираните умираат во слобода, додека прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност изумреа нерехабилитирани.

Колку за неупатените околу Тодор Петров и знамето. Чисто информативно, поради Васковата манија. На конкурсот за знаме и грб, во Уставната комисија на Собранието на Македонија во 1992 година стигнаа неколку стотици идејни решенија. Експертската комисија на Уставната комисија излезе со заклучок дека тежок е изборот, но во најголем број од пристигнатите преовладуваат сонцето и лавот, традиционалните македонски бои жолтата и црвената и дека нема да претставува никаква грешка да се прифати едниот или другиот симбол. Тодор Петров беше медијатор меѓу пратеничките групи за деблокада на прашањето за знамето и грбот. Сите пратенички групи, освен резервите на ПДП, се согласија сонцето во апликација од Кутлеш да биде симбол и на знамето и на грбот, откога СДСМ се спротистави на лавот за грб на Републиката. Апликацијата, шеснаесет-зрачно златно-жолто сонце на црвена основа ја прифатија сите. И сите пратенички групи, освен ПДП, се потпишаа на предлог-законот за знаме и за грб на Македонија. Затоа предлогот на Тодор Петров експресно помина на Уставната комисија и на седница на Собранието со две-третинско мнозинство. Не затоа што Стојан и Тито биле против, свесни за последиците од тоа, а предлогот го изнудиле тајните служби на Васко и Дончо. На седница на Собранието, прво, помина сонцето за симбол на знамето, но ВМРО-ДПМНЕ ја откажа согласноста за сонцетго и на грбот, тие предложија повторно да се врати лавот и законот за грб не доби две-третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Подоцна, ме викна Тито. Тогаш првпат го запознав Мирослав Грчев во кабинетот на Тито. Ми предложија да бидам медијатор за златно-жолтиот двоопаш лав на црвена основа на триаголен штит, предлог на Грчев, за грб на Македонија. Тито ми предлагаше сонцето да го трампат за името, ама ни во тоа не беа успешни. Испаднаа мифки. Спроведов иницијатива меѓу сите пратенички групи, пратеници од сите пратенички групи го потпишаа предлог-законот за грб со лавот, повторно освен од ПДП, ама ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во текот на расправата се испокараа, како и секогаш, за други теми и процедурата за грбот не заврши до крајот на мандатот остана стариот грб, на кој од скоро му ја симнаа петокраката.

И за крај, ако навистина се загинати за македонските работи во Грција, лесна им земја на дедото, тетката и вујкото на Васко. Сигурно се превртуваа во гроб ако го слушале внукот им Васко во емисијата “Во центарот“ на телевизијата Алфа. Оти во Грција, во Бугарија, во Србија и во Албанија, најголеми фашисти се баш Македонци, одродници и злосторници.

Таквите како Љупчо, Бранко, Васко, Дончо, со големо и празно “О“ на крајот, лешинари, велепредавници и трговци со нацијата и државното име Македонија, не заслужуваат да бидат македонски државјани! Но, знаете како велат, оваа земја македонска раѓала и ќе раѓа македонски патриоти се’ повеќе и повеќе, кои си ја сакаат својата земја и нација, веруваат во своите институции и служби, развиваат демократија и го почитуваат правото и правдата на државата во која треба да развиваме благосостојба за сите, оти Господ и земјата дале се’ од себе, другото е од нас, наше! И што е најважно, научивме, секоја победа повторно да ја славиме на Триумфалната Капија МАКЕДОНИЈА, на централниот плоштад во метрополата, во непрегледни колони и бројки радосни, среќни и горди Македонци! Драги ни беа кошаркарите лани, ракометарите годинава... Амин! Амин! Амин!

http://mn.mk/aktuelno/5815-Vasko-kosofilot-i-Donco-makedonofobot