PDA

View Full Version : Macedonian language to be studied in Turkey



Crn Volk
07-26-2012, 12:00 AM
http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=27986

Македонците во Турција ќе го учат мајчиниот јазик


Скопје, 25 јули 2012
Македонските иселеници во Турција конечно ќе имаат можност да го учат мајчиниот јазик. Од први септември паралелки на македонски јазик ќе бидат отворени во Измир, Ајдин, Маниса и Јеникент, а часовите ќе ги водат професори од Македонија. Амбасадорот Горан Тасковски не го крие своето задоволство што заедно со својот тим и со помош на македонската влада, успеал да издејствува да се слушне литературниот македонски јазик на територијата на Егејска Турција, каде што има над милион иселеници со македонско потекло.



- Пред неполна година кај мене стигна иницијатива за поддршка од нашите иселеници здружени во десетици здруженија и асоцијации кои делуваат во егејскиот дел на Турција. Тие бараа професори по македонски јазик за да ги учат нивните деца и внуци во кои длабоко е вкоренета љубовта кон Македонија што ја наследиле од своите дедовци и родители иселени од Македонија во педесеттите години од минатиот век, раскажува амбасадорот Тасковски и додава дека ова е голем успех на македонската дипломатска активност во Турција, но и на нашата земја, зашто, како што вели, Македонија е до таму до каде се слуша и пишува македонски.

-Бев свесен што значи тоа за македонската нација, држава, за нашите иселеници и почнав со реализација на тој таканаречен проект. За мене како амбасадор ова беше сериозен предизвик знаејќи од колкава важност за една нација и нејзиното постоење е писмото и јазикот, вели Тасковски потенцирајќи дека огромна помош при реализација на големиот проект имал од неговите турски пријатели, од македонската влада и лично од премиерот Никола Груевски, кој при една од неговите посети слушнал за барањето на иселениците.

Нашинците во Измир, Ајдин, Маниса и Јеникент оваа новина ја примиле со воодушевување, како еден од најголемите настани по важност за нив.

- Овој проект на амбасадорот Тасковски е од огромно значење за Турците со македонско потекло, кои се желни да го изучуваат јазикот и останат верни на своето потекло, своите корени. Тие ветија дека сега со уште поголем елан ќе работат за интересите на нашата земја вели Нина Пандурска, претседателка на здружението за македонско-турска соработка “Македонија-Еге”.

Во овој период, додава таа, се работи на моделот на професори од Македонија кои ќе ги вршат предавањата.