Crn Volk
08-28-2012, 01:31 AM
СЀ ПОГОЛЕМ ИНТЕРЕС ЗА ЈАЗИКОТ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА
Македонскиот јазик преку Хрватска во ЕУ
Сашо Георгиевски
http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcSgcABkR-7jJKdKViTZJ3-6B0QZgo-gmJRJ3sUS_dbIzU3kh6Zg6g&t=1
Скопје, 27 август 2012
Со влегувањето на Хрватска во Европската Унија во јули 2013 година македонскиот јазик ќе стане официјално признаен како јазик што се изучува во држава-полноправна членка на ЕУ. Македонскиот јазик и култура се изучуваат како изборен предмет по странски јазик и оценките се впишуваат во свидетелствата на учениците. Ова е резултат на неколкугодишното функционирање на училиштата на македонски јазик во поголемите хрватски градови каде што децата на иселениците, но и Хрвати ги изучуваат македонскиот јазик, географијата, историјата, културата и музиката.
Тоа е и резултат на заложбата на македонската дијаспора во Хрватска. Но пред сѐ епилог од желбата на хрватската држава да помогне и поттикне соработка во оваа чувствителна општествена димензија.
Во наредната учебна година, која почнува за неколку дена, 109 ученици во своите свидетелства по завршување на годината ќе го имаат запишано како посебен предмет и македонскиот јазик, кој се изучува како изборен предмет во рамките на образовниот систем во Хрватска.
Иако овие училишта се наменети пред сѐ за децата на македонски иселеници, наставата ја посетуваат и Хрвати што немаат никакви македонски корени, ниту пак допирни точки со Македонија. Има повеќе причини за нивната желба да го изучуваат македонскиот јазик. Некои доаѓаат затоа што имаат пријатели Македонци, па сакаат да го научат нивниот јазик за да можат меѓусебно полесно да функционираат. Други, пак, се импресионирани со убавините на Македонија и често патуваат во оваа земја, а трети ги привлекува мелодичноста на јазикот. За овие ученици работната недела трае шест дена, бидејќи тие секоја сабота ги посетуваат часовите во училиштата каде што се изучуваат македонскиот јазик и култура.
РЕСПЕКТАБИЛНИ БРОЈКИ
Со право може да се каже дека Република Хрватска правата на националните малцинства, особено во делот на образованието што подразбира изучување на јазикот и писмото на малцинствата, ги има поставено на доста високо ниво. Оттука, во овој дел е пред многу земји што се веќе во ЕУ. Македонското национално малцинство своето прво училиште по македонски јазик и култура го отвори во Загреб во учебната 2005-2006 година и во тоа училиште моментално наставата ја посетуваат 18 ученици. Следните години доаѓа до експанзија на училишта по македонски јазик во сите поголеми градови во Хрватска, каде што има организирано дејствување на Заедницата на Македонците во Република Хрватска преку локалните македонски културни друштва. Следува отворање на училишта во Пула во 2006-2007 година со пет ученици, потоа во Риека во 2008-2009 година со дванаесет ученици, истата година во Осиек се запишуваат осум ученици, следната учебна година, 2009-2010, во Сплит се запишуваат шеснаесет ученици и во Вуковар 2011-2012 година има десет ученици. Во план е и отворање нови училишта по македонски јазик во учебната 2012-2013 година во Винковци со 32 ученици и во Кашина (Загреб) во истата година со осум ученици.
- Ова веќе навлегува во сферата на политиката и е еден мал но евидентен придонес, на македонските иселеници во борбата за признавање на нашата татковина под уставното име Република Македонија од целата Европска Унија - вели Ангел Митревски, член на владиниот совет за национални малцинства на Република Хрватска.
Тој додава дека според законските норми во Хрватска што овозможуваат изучување на македонскиот јазик се доаѓа до една респектабилна бројка од 109 ученици во учебната 2012-2013.
- Она што е уште поважно за нас Македонците од Хрватска е тоа што овие училишта се во целост интегрирани во хрватскиот образовен училиштен систем. Македонскиот јазик и култура се води како изборен предмет по странски јазик и оценките од овој предмет се впишуваат во свидетелствата на учениците. Но, за жал, поддршката што ја имавме за сите овие години во реализацијата на овој многу важен проект од матичната држава може да се искаже со една голема нула - посочува Митревски.
И додека задоволството за постигнатите резултати во овој период им дава сила на Македонците да истраат во борбата со бирократијата на својата матична држава, тие и натаму работат на реализирањето на идејата да го зголемат бројот на децата што ја посетуваат наставата на македонски јазик.
НЕДОСТИГААТ УЧЕБНИЦИ
Наставата се одвива по програма одобрена од Министерството за образование и спорт на Република Хрватска, меѓутоа без никаков одобрен учебник, туку со материјали и со скрипти што ги подготвуваат самите наставници.
- На самите наставници им е препуштено како ќе ја реализираат програмата. Јас сама набавувам учебници, молам пријатели да ми донесат материјали од Македонија, се со цел моите ученици да стекнат што подобра слика за Македонија - вели Милена, која предава во основното училиште „Скалице“ во Сплит.
Но, и покрај ваквите проблеми, учениците од македонските училишта се горди што го изучуваат македонскиот јазик.
„Мамо, тато, само јас во моето одделение имам девет петки, а другите ученици имаат по осум оценки“. Вака првоодделенецот Никола радосен им рече на своите родители кога од наставничката го доби свидетелството, а кој има повеќе оценки од другите поради тоа што го изучува македонскиот јазик.
ЕДУКАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИ И ЗА ВОЗРАСНИ
Покрај катедрата на македонски јазик со 1.370 студенти и најголемиот Лекторат по македонски јазик во Риека, во Хрватска е застапена и едукација на македонски јазик за возрасни. Во Сплит функционира единственото училиште на македонски јазик наменето за возрасни.
Составот на групата што го изучува македонскиот јазик е различен како по националност, така и по возраст. Има студенти што ги збогатуваат своите знаења, но има и пензионери што сакаат корисно да си го исполнат дел од своето слободно време.
- Татко ми е Македонец и по таа линија јас сум Македонка. Тој почина, а јас не успеав да го научам македонскиот јазик. Сега имам шанса да учам македонски - вели Нада Зечевиќ, која веќе втора година доаѓа на часовите по македонски јазик што се одржуваат секоја сабота во просториите на македонското друштво од Сплит.
Покрај учењето македонски јазик, дел од наставата е планиран за запознавање со македонската историја, географија и култура, но и врските што се развиваат помеѓу двете пријателски земји Хрватска и Македонија.
- Училиштето за возрасни во Сплит функционира три години и се реализира со финансиска поддршка на Советот за национални малцинства на градот Сплит. Ова е единствено училиште по македонски јазик наменето за возрасна популација - вели Венка Џанко, претседателка на Советот за македонското национално малцинство на градот Сплит. Таа е многу задоволна што постои интерес во Сплит за изучување на македонскиот јазик.
http://www.maticanaiselenici.com/?page=read_news&id=28331