MegaArgus1
12-18-2012, 01:35 AM
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=101727
Грција е задоволна што со Бугарија биле на иста линија на состанокот во Брисел.
Добрососедските односи – критериум важен и за Грција и за Бугарија за наш напредок кон Европската унија, ова денеска го порачаа грчкиот и бугарскиот премиер.
Судејќи според изјавите на двајцата премиери, секој од нив има свои забелешки за однесувањето на Македонија.
Атина и Самрас бараат напуштање на иредентизмот, Софија односно Борисов индиректно се пожали за филмот Третото полувреме без при тоа директно да го спомене.
- Се согласуваме целосно со заклучоците донесени, едногласно, го потенцирам тоа, едногласно од ЕУ. Каде што, би рекол за прв пат, и официјално, се поставува како предуслов за едно такво членство, почитувањето на правилата на добрососедство - изјави Андонис Самарас – претседател на владата на Грција.
- Во секој случај јас сум многу задоволен со фактот дека колку Бугарија, толку и Грција се согласуваме со овие почетни, важни европски вредности и критериуми што псотојат денес во Европа. Ова се основите врз кои може да се базира една современа демократија, како што се Бугарија и Грција - вели Самарас.
- Но толерантноста кооја ја пружаме и добрососедството пријателството, имаат свои граници. Бугарија е страната која спасила најмногу Евреи во време на фашистичкиот режим, над 50.000, тие ги спасил бугарскиот народ не давајќи му ги на Хитлер. Ако можевме ќе ги спасевме сите Евреи, но успеавме толку, само 50.000 , другите држави ни тоа не го направија. Далеку помалку, има некои земји што спасиле по 300-400. И Бугарија да заслужи да се прават филмови против Бугарија - изјави Бојко Борисов – претседател на владата на Бугарија.
Ова за Борисов е главната причина добрососедските односи да влезат како критериум. Бугарскиот и грчкиот премиер споменаа дека важно за мирот и стабилноста во регионот е сите земји од западен балкан да бидат дел о ЕУ, но не заборавајќи да го споменат критериумот.
„Во еден ваков период на криза, на тешкотии за целиот свет, вештачките заострувања, иредентизмот не води никаде“ – рече Самарас.
Интересно е да се спомене дека ниту еден од двајцата премиери во ниеден случај, ниту во делот од нивните говори каде што зборуваа за Западен балкан и добрососедски односи и индиректно мислеа на нашата земја, ниту пак во одговорот на новинарското прашање кое бараше конкретно да се каже ставот, не ја споменаа нашата земја ниту под уставното име ниту пак под референцата ФИРОМ.
Сања Ристовска