PDA

View Full Version : Не е мудро Бугарија да ја попречува Македl



MegaArgus1
12-21-2012, 01:13 AM
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=102030

Пердју: Не е мудро Бугарија да ја попречува Македонија
Промената на политиката на Бугарија кон Македонија и блокадата на македонските евроинтеграции е контрапродуктивна и спротивна на бугарските интереси. Напротив, поддршката за Скопје за членство во ЕУ и НАТО би била во корист и на Софија.

http://www.kanal5.com.mk/getImageThumbnail.axd?imgPath=upload/201212perdju.jpg&imgSize=600&cropH=400

Ова во анализата за бугарскиот весник „Труд“ го истакнува Џејмс Пердју, поранешниот амбасадор на САД во Софија и специјален пратеник на претседателот Џорџ Буш во Македонија за време на конфликтот во 2001 и еден од потписниците на Охридскиот договор.

- Оваа позиција не оди во корист ни на широките национални интереси на Бугарија и ја уназадува конструктивната регионална политика, која државата ја применуваше години наназад. Политиката на Бугарија во однос на регионот во последните 20 години беше зрела и конструктивна. Државата успеа да ги избегне меѓуетничките страсти и конфликти слични на оние по другите земји на Балканот. Истовремено, Бугарија одлично соработуваше со меѓународната заедница во однос на надминувањето на конфликтите и приближувањето на новите држави на Балканот кон демократските западноевропски институции. Оваа разумна политика беше одраз на јасното разбирање дека бугарскиот национален интерес е најдобро заштитен кога и регионот е стабилен, кога има соработка меѓу соседите и кога се применуваат демократските вредности на ЕУ и НАТО. Блокирањето на Македонија е радикално отстапување од овие принципи кои бугарската надворешна политика досега ги применуваше.

Според него, новата бугарска политика кон Македонија може многу да ги влоши добрососедските односи.

- Без сомневање дека Македонија понекогаш е тежок партнер. Но, Бугарија треба да разбере дека нејзиниот сосед е нова демократија и ја нема длабочината на институционалниот капацитет на Бугарија. Македонија оди побавно кон ЕУ и НАТО од Бугарија заради војната во Косово и внатрешниот меѓуетнички конфликт од 2001 година. Тука е и мачниот спор за името со Грција, оценува Пердју.

Потписникот на Охридскиот договор вели дека и Грција сигурно сега е многу задоволна затоа што уште една земја членка на ЕУ поставува услов пред интеграцијата на Македонија.

- Атина го блокира Скопје и во ЕУ и во НАТО. Но, ако името се реши, ќе остане ли тогаш Бугарија единствената пречка пред евроинтеграцијата на Македонија. Се сомневам. Западноевропските држави ја создадоа ЕУ затоа што сфатија дека економското, а со тоа и политичкото единство е во интерес на нивните народи. НАТО е создадена според таа логика. Овие држави ги ставија настрана ситните билатерални проблеми, кои патем беа многу поголеми од овие на Бугарија, Грција и на Македонија. Софија и Атина треба да го применат истиот пат кон Скопје и да ја стават иднината над малите проблеми. Спротивставувањето на членството на Македонија во ЕУ изгледа агресивно од земји членки на ЕУ кои си имаат сопствени проблеми, смета Пердју.

Тој се согласува со изјавите на поранешните претседатели на Бугарија и други сериозни политички фигури кои ја осудија ваквата надворешна политика на Бугарија и „ја повикува бугарската влада да ја смени контрапродуктивната политика во однос на македонското членство во ЕУ“.

- Активна поддршка на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО е од корист и за бугарските интереси, додека Бугарија се концентрира на сериозните внатрешни проблеми, оценува Џејмс Пердју. /МИА

morski
12-21-2012, 07:50 AM
No mercy for the UDBA agents in Skoplje.

east
12-21-2012, 10:02 AM
I wonder what would say Mr. Pardew if any country has same attitude toward USA as Macedonia toward Bulgaria ? May be this country would leveled on zero ?