0
Борбата на Мукос, 1905
По смртта на бугарскиот војвода Стеван Димитров и пропаѓањето на неговата чета на Орешките ливади, бугарската организација се почувствувала многу загрозена во Западното Повардарие. Бидејќи не успеала да навлезе во Порече, кумановскиот регион го презеле српските чети. На бугарските комитети им преостанало максимално да се ангажираат како би ја задржале Велешката област и на тој начин да го спречат поврзување на Србите од двете страни на Вардар. Покрај тоа, Србите почнале да преземаат некои бугарски села во близина на Велес и Прилеп. Поради сето тоа, бугарската организација концентрирале неколку стотици добро вооружени комити во областа на Велес, предводени од Пенчо Константинов (активен поручник во бугарската армија), Пенчо Шиваров, Иван Аљабакот, Секула, Дачев, Сугарев, браќата Петар и Гига Ацев. Нивната цел била да ги растурат српските чети во директните судири, кои биле бројчано послаби (некои уште полошо вооружени).
На 20 јуни 1905 година, на врвот Мукос на планината Бабуна, која го раздвојува велешкото и прилепското подрачје, се водела битка помеѓу две српски чети и заедничко здружените бугарски чети. Српските чети биле предводени од Јован Бабунски родум од Велес и Глигор Соколовиќ родум од Прилеп (вкупно 31 четник). Според Бабунски, бугарската чета имала 120 комити и ја командувале Константинов, Сугарев и Дачев. По четири часа борба, бугарската чета била поразена. Загинале 10 комити и откако го раниле и самиот војвода Константинов во рамото и Дачов во нозете, комитите побегнале. Огнените истрели го привлекле турскиот екипаж од Прилеп, па четниците добиле и нов непријател. Со помош на локалните селани, тие се повлекле за време на мракот, без човечки загуби.
Тука постои добро познатиот цитат, кога селаните го прашале Константинов како е можно да ги победат кои биле двојно помалку бројни и послабо вооружени , на што тој самиот им одговорил: "А бе, како да победиме като Србите налитат като орлови, а нашите бегат като жени".
Bookmarks