0
ШЕФОТ НА ГЕРМАНСКОТО НАДВОРЕШНО РАЗУЗНАВАЊЕ ЗА ВАНЧО МИХАЈЛОВ И ИДЕЈАТА ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА
За време на Втората светска војна Иван Михајлов е во контакт со германските тајни служби. Генерал Валтер Шеленберг, прв човек на секторот за надворешно разузнавање на Главната управа за безбедност на Третиот рајх (РСХА) во поглавје 35 од неговите мемоари Лавиринт, го раскажува следново:
Набргу по гореспоменатите настани на Балканот [1943], Ванчо Михајлов пристигна во Германија. Тој беше водач на таканаречената ВМРО (Внатрешна македонска револуционерна организација), основана на крајот на минатиот век нејзините приврзаници беа национално малцинство и се бореа Македонија да стане независна држава. Со години, ВМРО ја водеше оваа борба толку вешто и жестоко, што понекогаш политичките убиства и другите казнени акции извршени под нејзината команда ги преплашуваа сите земји на Балканот. Предводена од антикомунисти кои припаѓаат на нејзиното десно крило, организацијата беше жесток противник на Советите, чии обиди да ја привлечат ВМРО, од своја страна, секогаш завршуваа со неуспех, соочувајќи се со немилосрдното одбивање и отпор на Ванчо Михајлов.
По неуспешниот обид за атентат врз Тито, се обидовме пошироко да ја користиме ВМРО во нашата борба против Советите. Затоа јас лично се сретнав со Ванчо Михајлов за време на неговата посета на Берлин. Тој беше низок, слаб човек со бледо лице, чии енергични црти и светли очи зборуваа за фанатичен и наменски борец. Уште во 1941 година, нашите разузнавачки служби се обидоа да го убедат Хитлер да создаде независна Македонија испраќајќи му меморандум. Но, дури во 1943 година тој се согласи да ја разгледа идејата подетално. Конечната согласност за прогласување на Македонија за независна држава ја даде дури во летото на 1944 година (по смртта на Борис III, царот на Бугарија). Но, веќе беше доцна настаните на фронтовите го спречија спроведувањето на оваа одлука, пишува во поглавје 35 на мемоарите на еден од највисоките раководители на германските тајни служби генерал-мајор Валтер Шеленберг (1910-1952).
https://tribuna.mk/shefot-na-germans...onska-drzhava/
Bookmarks