0
Badly made statueИ контроверзниот Сарафов на врвот на МНР
На венецот на новиот објект на Министерството за надворешни работи наредени се 37 скулптури, на познати светски дипломати, но, меѓу нив има и не толку звучни имиња и големи анонимуси за македонскиот граѓанин. Дел од овековечените на врвот на објектот е и Борис Сарафов, контроверзна личност од македонската историја, која актуелнава власт се обидува да го рехабилитира, исто како и Тодор Александров, без официјална научна ревизија, потврдена пред сč од МАНУ.
Сарафов е поставен во внатрешноста на терасата на МНР, веднаш до Кемал Ататурк и не е видлив однадвор. Веројатно неговата „скриена“ локалција не предизвика идентичен инцидент како скулптурата со Симеон Радев, познат бугарски публицист, историчар и дипломат и член и на бугарската делегација при потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година со којшто се дели Македонија.
Сарафов, според официјалната историја бил бугарскиот офицер и претседател на легалната организација на македонската дијаспора во Софија (Врховен Македонски комитет), кој, во почетокот на 20 век материјално и духовно ги помагал Организацијата и Гемиџиите и воедно бил еден од водачите на Илинденското востание. Сарафов е контроверзна личност и поради неговите релации со други влади, меѓу кои и со бугарската, а според официјалните историски податоци тој им ја отвора вратата и на Србите во Македонија по Илинденското востание. По смртта на Даме Груев прави непринципиелна коалиција со Иван Гарванов и во таа внатрешна борба за превласт загинува од Тодор Паница по нарачка на Јане Сандански.
Boris Sarafov-left on the horse helping the bulgarian population runing from the burnt by the greeks bulgarian villages in Aegean Macedonia.
Bookmarks