0
Бугарските навивачи го „украдоа“ црешовото топче!
Бугарскиот гигант Левски викендов гостуваше во Разград кај актуелниот шампион Лудогорец во дербито на бугарското првенство, а таму левскарите ги дочека фан-клуб од тој дел на источна Бугарија со црешово топче. Топчето требало да пука за победа на Левски, но бугарскиот гигант загуби на дербито со 1-2.
Приврзаниците на „сините“ од Разград го дочекаа својот миленик со симболот на македонската револуционерна борба, што и не е неочекувано од бугарска страна, со оглед дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и постоењето на македонска нација, а повеќето револуционери од пред и по Илинденското востание ги смета за Бугари.
Црешовото топче е легендарен симбол на македонскиот отпор и решителноста на слабо вооружените востаници во Илинденското востание да се спротивстават на далеку помоќниот непријател заради слобода на Македонија.
http://www.mkd.mk/76521/sport/bugars...esovoto-topce/
Bookmarks