0
http://www.kanal5.com.mk/default.asp...eventId=101846
Македонецот Никола победи во бугарското шоу Големиот брат
Кај нас не успеа но победи во Бугарија јавуваат српските медиуми известувајќи за победата на Никола Настески познат како Лестер во бугарската верзија на Големиот брат организирана за сите учесници кои биле во вакво шоу во земјите на Балканот.
Никола победи во жестока конкуренција покрај 14 натпреварувачи.
Никогаш не сум се чувствувал вака во животот, и благодарам на Бугарија, изјавил вчеравечер победникот.
Заблагодарувајќи и се на публиката која гласала за него Никола рече дека луѓето не треба да се делат по националност и јазик.
Бугарските медиуми пишуваат дека голем број Македонци сметаат дека неговата победа е подарена откако во една од емисиите Лестер се облекол во војничка униформа од Бугарија и рекол дека се гордее оти неговиот дедо бил бугарски војник пренесе Нетпрес./www.kanal5.com.mk
Bookmarks